Италија се подготвува за првите погреби на жртвите од трагедијата во Џенова

ANSA/LUCA ZENNARO

Првите погреби на загинатите во уривањето на надвозникот во Џенева ќе се одвиваат во сабота, пишуваат италијанскиет медиуми повикувајќи се на градските власти.

Ќе бидат погребани единаесет жртви во трагедијата. Церемонијата на простување ќе се одржи во изложбениот комплекс на саемот во Џенова, каде што се очекува присутво на илјадници луѓе.

Според засега непотвредените информации, на тажниот чин ќе присуствува и италијанскиот претседател Серџо Матарела. Верската церемонија ќе ја служи архиепископот на Џенова, кардиналот Анџело Бањасмко.

Во вторникот околу пладнето се урна дела од вијадуктот кој е дел од автопат А10 кој минува над дел од Џенова. Работите на расчистување на урнатините и потрага по други жртви траеја и во средата ноќта.

Во медиумите беше објавено дека досега се потврдени 42 смртни случаи, а три од жртвите се малолетни. Градските власти, пак, ја потврдуваат бројката од 39 загинати, а десетици сé уште се водат за исчезнати.