Италијанците се уплашија од македонското знаме

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе остана без победа на легендарната патека во Монца, откако организаторите му најдоа маана на неговиот автомобил, објави „Летечкиот Македонец“ на Фејсбук. Стефановски викендов настапи на трката во Италија  во рамките на ТРЦ шампионатот, и уште на неофицијалните тренинзи постави најдобри времиња.

Ова беше „аларм“ организаторите да преземат нешто па на автомобилот на Иџе му додадоа дополнителни 30 килограми тежина.

Ова е дел од мојот тим,ова се лугето кои се жртвуваат на сите трки низ мојата кариера,овој пехар што денеска ми го земаа за прво место требаше да им го доверам ним, затоа што они тоа го заслужија покрај сите тешкотии кои ги имавме оваа сезона, овој викенд докажавме дека сме тим кој може да парира на најдобрите. Жал ми е што добивме банална казна која само организаторот знае за што е дадена, можеби ке им пречеше покрај толку јаки италијански тимови да го развиоревме македонското знаме. Благодарност до сите спонзори кои се со мене и сите луге кои ми ја даваат подршкара да можам да го живеам мојот сон. Се гледаме наскоро на подиум, поздрав ИЏЕ.