Италијанската коалициска влада на крајно десната партија Лига и европскептичното и антиестаблошмент Движење пет ѕвезди ја доби довербата на гласањето во горниот дом Сенатот во врска со спорниот предлог за закон од сферата на безбедноста, во екот на растечките напнатосите меѓу владејачките партии по низа прашања.
Со предлогот на аконот, за кој се залага вицепремиерот и челник на Лига, Матео Салвини, се заоструваат имигрантските прописи, се ограничува правото на азил и се јакната антитерористичките и антимафијашките прописи.
Неколкуи членови на Движењето пет ѕвезди, одбија да го поддржат предлогот. И поркај тоа, владата ја доби довербата во гласањето со 163 гласови „за“ наспроти 59 „против“, со 19 водржани пратеници.
Доколку владата загубеше на ова гласање, ќе бдеше принудена на оставка и одлуката дека повикаа на гласање сигнализира на превирања во рамките на коалицијата, којашто на власт дојде во јуни по катастрофалниот пораз на левиот центар и крајно левите сили, а нејзините спроиставувања на прописите на Европската унија ги потресоа финасиските пазари.
Иако предлогот за безбедносниот закој предизвика некои внатрешни непријатности, постои поголемо несогласување во коалициската влада во однос на напорите на Движењето пет ѕвезди да се олабават роковите за кривичниот прогон за многу кривични дела, вклучително и корупцијата/
Лига тврди дека ублажувањето на временските ограничувања, познати како застарување на делото, значи дека обвинетите може да се споочат со неприфатливо долги судски процеси. Движењето пет ѕвезди, пак, смета дека како што во моментов стојат работите , премногу случаи ќе се избришат без пресуда, што ги продолжува судењата, бидејќи обвинетите се мотивирани да ги одолговлекуваат процесите за да постигнат застарување на делото.
Италијанските печатени медиуми во средата известуваат за се’ поголеми тензии во двете коалициски партии, но Салвини настојуваше да ги намали напнатостите пред гласањето за довербата. „Владата апсолутно не е во опасност. Ќе го почитуваме сето она за што се обврзавме пред Италијанциет“, рече во изјава за медиумите.