Италијанскиот Сенат изгласа доверба на Владата на претседателот Енрико Лета.
Претходно, доверба на Владата укажале пратениците од Долниот дом на италијанскиот парламент со 379 гласови „за“ и 212 „против“.
Гласањето било неопходно за да се потврди довербата на Владата, бидејќи Силвио Берлускони и неговите приврзаници на крајот на ноември ја напуштиле владејачката колаиција, по што Сенатот му го одзеде пратеничкиот мандат на Берлускони.