Резултатите од неделните избори за парламентот на гермaнската сојузна покраина Баварија значат дека „стариот систем“ во Европската унија е на заминување, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи и челник на десната партија Лига, Матео Салвини.
„Во Баварија победи промената, а Европската унија загуби“, изјави доцна ноќта кон понеделникот Матео Салвиник, кој истовремено е и италијански вицепремиер.
Според него, станува збор за „историски пораз на христијанските демократи и социјалдемократите, додека пријателите од AfD првпат влегуваат во регионалниот парламент“. Салвини алудираше на историски најслабите резултати на демохристијанската баварска партија и на социјалдемократите.
Според податоците од сајтот на изборната комисија, за изборите на баварскиот ландтаг (покраинскиот парламент), Христијанско-социјалната унија (CSU), сестринската партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на сојузно ниво на канцеларката Ангела Меркел, којашто со децении со мали прекини освојува апсолутно мнозинство во регионалниот парламент, освоила 37,2 отсто од гласовите, или речиси десет проценти помалку, отколку на минатите избори во 2013 година. Самото тоа значи дека новата влада на Баварија ќе мора да биде коалициска. Воедно, ова е најслабиот изборен резултат на CSU, кој ја застапува демохристијанската опција во Баварија, додека на сојузно ниво тоа е CDU, од 1950 година.
Според првичните резултати од понеделникот, партијата Зелени станува втората политичка сила во Баварија, освојувајќи во неделата 17,5 отсто од гласовите. Следи најверојатниот партнер на CSU, новата групација Слободни гласачи со 11,6 отсто, додека евроскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) освојува 10,2 отсто од гласовите. Социјалдемократската партија на Германија (SPD) со 9,7 отсто загуби повеќе од половина од гласовите во споредба со последните избори во Баварија и е најголемиот губитник на овие избори, а со 5,1 отсто од гласовите во баварскиот парламент влезе и либералната Слободна демократска партија (FDP).
„Ова е историски пораз на христијанските демократи и социјалистите, додека пријателите од AfD првпат влегуваат регионалниот парламент“, рече Салвини.
„Ариведерчи (збогум) Меркел, Шулц и Јунекр“, порача Салвини зборувајќи за германската канцеларка Ангела Меркел, поранешниот претседател на Европскиот парламент и челник на германските социјалдемократи, Мартин Ѓулц, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Меѓутоа, италијанските социјалдеморкати коишто на тамошните парламентарни избори доживеаја дебакл, ја загубија власта и паднаа на третото место според мандатите, се обидоа да видат позитивно нешто и покрај големиот пораз на нивните европски сојузници SPD во Баварија.
„Се’ уште е убаво да се види дека Зелените добиваат речиси двојно повеќе гласови од десните националисти. Тоа е, исто така, порака и за нас“, ибјави на Twitter поранешниот лидер на италијанските социјалисти и поранешен премиер Паоло Џентилони.
Италијанската PD падна рекордно ниско на годинените избори во Италија и во моментов има 17 отсто воо анкетите. За разлија од него, десничарската Лига која владее заедно со евроскептичната и антиестаблимент Движењето Пет ѕвезди, од јуни годинава има поддршка 33 отсто.