![грција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/grcija3.jpg?resize=594%2C356&ssl=1)
Истекува времето Грција да најде решение со меѓународните кредитори, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за финансии во Берлин.
„Времето е се пократко но ќе видиме в четврток во Луксембург дали е можен заеднички договор“ изјави Мартин Јегер портпарол на федералното министерство за финансии.
Јегер на прес-конференцијата одби да одговори на прашањето дали земја како Грција која што не е солвентна може да остане во еврозоната. Тој рече дека има доволно работа со одговорање на практични прашања и затоа нема да одговара на теоретски теми.