Иванов: Европа во Македонија и Македонија во Европа! Држава и економија кои создаваат нови работни места!

Претседателкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов денеска застана пред топлата граѓани и поддржувачи во Крива Паланка да ја побара нивната доверба по втор пат.

„Пред 5 години дојдов тука да ја побарам вашата поддршка. Дојдов со конкретна програма. Кажав ќе ме препознаете по три работи кои ме водат во животот: да бидам чесен, искрен и вреден. По 5 години, покажав дека сум чесен, искрен и врдеен. Сето она што беше во програмата, го сработивме и ви го поделив во мојот очет. Прв пат во историјата покажав како Претседател работи по својата програма. Затоа имаме чист образ, да дојдеме и да побараме уште еднаш доверба, за уште еден мандат. Бев гласот на граѓаните, гласот на Македонија во регионот, во Европа и во светот. Ги бранев државните интереси и работев за доброто на македонските граѓани. Упорно работев на остварување на нашите стратегиски цели – членство во Европската унија и НАТО“, посочи Иванов.

Тој истака дека резултатите од проектит кои изминатите години ги реализирале заедно со Владиниот тим се очигледни. Посочи дека се созадени нови работни места за македонските граѓани, односно дека се отворени 120.000 работни места, посочувајќи дека до крајот на годината ќе има уште 10.000 нови работни места за македонските граѓани.

„Од самиот почеток на мандатот се водев од принципот на отвореност кон сите во надворешната политика. Отвореност во економијата, отвореност во односите со соседите и отвореност за меѓународните транспортни коридори. Видовте се што постигнавме. Бевте сведоци кога ја донесовме визната либерализција. Кога заедно со бугарскиот претседател ја кренавме рампата меѓу двете земји.  Работиме за отворена  пазарна економија, Македонија станува привлечна за странските инвестиции. Досега има околу 2 милијарди евра странски инвестиции во нашата држава,“ посочи Иванов пред кривопаланчани.

Тој нагалси дека сега пред овие граѓани излегува со нова  развојна програма и дека неговата цел е економски силна и развиена Македонија.

„Секаде каде што одам, со мене доаѓаат стопанственици, организираме бизнис-форуми ја промовира,ме Макеоднија како дестинација за инвестирање.

„ Ќе продолжам да ги отворам вратите за македонските стопанственици во странство и за нови странски инвестиции во Македонија. Тоа ќе значи нови работни места за македонските граѓани. Но, ќе ја развивам и претприемачката култура кај младите. Освен  стопанственици, доколку ја добијам довербата, сите овие млади, се уште непознати претприемачи, ќе бидат дел од мојата делегација каде и да одам.  Тоа е мојот нов проект „Заедно во светот“. Проект од мојата програма. За заедно да градиме успех, за заедно да отвораме нови работни места“, истакна Иванов.

Како добар сосед, отворен за соработка, Македонија, како што нагласи Иванов, може уште повеќе да ги развива пограничните региони и општини.

„Цел мандат се залагам за унапредување на прекуграничната соработка. Се залагам за искористување на европските фондовикоишто се однесуваат на прекуграничната соработка, туризмот, културата, енергетиката, заштитата на животната средина“, рече тој.

Крива Паланка е мост на поврзување на Македонија со два соседа. Благодарение на вашата општина, Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија можат заедно да аплицираат за многу проекти кои ќе бидат за доброто на граѓаните на Крива Паланка. Секој проект значи можност за нови работни места, им порача Иванов на кривопаланчани.

Иванов нагласи дека Крива Паланка може да прерасне во туристичка дестинација.

„Имате сè што е потребно за планински, еко, етно, спортски и културен туризам. Тука е Осоговскиот манастир, кој веќе станува позната дестинација за туристи како  од Македонија, така  и од странство. Сум бил сведок на многу автобуси со странски туристи што го посетуваат овој манастир. Државата инвестира во меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ и во истоимениот меѓународен фолклорен фестивал. Тука се Градец, Трново, Станци, Дренак, Дурачка Река, кои се атрактивни туристички места. Знам дека работите на развој на спортскиот, планински туризам. Овој потенцијал може да се искористи за создавање нови работни места“, истакна Иванов.

Тој посочи дека како отворена држава, Македонија се вклучува во европските и во светските патни и енергетски коридори.

„Отвореноста на Македонија треба да биде кон сите страни. Низ Македонија да минуваат луѓе и производи од сите четири страни на светот. Коридорот 8 е многу важен за нас. Наскоро ќе започне да се обновува и надградува патот од Куманово преку Крива Паланка до границата со Бугарија. Се гради и овој пат ќе се изгради нова железничка пруга Бељаковце – Крива  Паланка до Деве Баир во должина од 60 км. Патот и железницата ќе ги поврзат Република Македонија и Република Бугарија. Сакаме за двојно пократко време да се патува од Скопје до Софија“, рече Иванов.

Целта како што нагласи тој е Коридорот 8 да биде вклучен во главните европски коридори.

„Целиот мандат се залагам за поврзување на Коридорот 8 со Јадранско-јонската магистрала. На секој состанок, на секоја средба со претседателите од Балканот и од Европа, барам поддршка за овој капитален проект што ќе ја промени иднината на Македонија и на регионот. Крива Паланка ќе го почувствува бенефитот од овој проект. Патниците и превозниците од Централна и Западна Европа, кои ќе патуваат кон Црно Море, кон Турција, ќе можат да минуваат низ вашиот град. И обратно. Долгорочно, тоа ќе е можност за отворање многу можности за Крива Паланка“, посочи пред кривопаланчани.

Иванов рече дека каде и да одел ја промовирал македонската економија, македонските можности, нагласувајќи дека и во следниот мандат негов приоритет приоритет ќе бидат држава и економија кои создаваат нови работни места и дека ќе поттикнува максимално искористување на европските развојни фондови.

„Секаде каде што одам, овие денови, им велам на граѓаните: Знаеме каде одиме, знаеме што сакаме. Ве повикувам со заеднички сили побргу да ги оствариме целите што го обединуваат целото македонско општество: Европа во Македонија и Македонија во Европа! Држава и економија кои создаваат нови работни места!“

Знаеме како да го направиме тоа. Докажавме дека со соработка и со заедништво, со соработка на сите инсититуции во Македонија,  може да се направи многу. И бидете сигурни, пак ќе се видиме и со чист образ повторно ќе ви оддадеме отчет за она што сме го сработиле, заклучи Иванов од говорницата во Крива Паланка.