Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2016“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжeнерските дисциплини.
Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.