
„Македонија мора да понуди поголеми можности за оние што се образовани, квалификувани, што се експерти и кои вредно работат, и што се подготвени да го користат својот труд, своите вештини и таленти за да ја обезбедат сегашноста и иднината на своите семејства,“ изјави Иванов и рече дека ќе продолжи да ги поддржува реформите насочени кон подобрување на образованието.
Според него, само со образовани кадри може да се оствари целта за подобра економија.
„Ќе продолжам и со моите проекти „Школа за млади лидери“ и „Најдобар млад научник“. Проекти со кои ги мотивираме и ги инспирираме младите луѓе да се развиваат и да станат успешни. Проекти со кои ја поддржувам македонската наука и ги охрабрувам младите научници. Сакам Македонија да прерасне во земја на иновации и нови технологии, кои ќе бидат двигатели на македонската економија,“ истакна Иванов.