Иванов: Отвореност кон сите во надворешната политика

„Пет години посветено работев за интересите на Македонија и за нејзина афирмација во светот.Остварив преку 450 средби со претседатели, премиери, министри, државници. Остварив повеќе од 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. Бев домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија,“ истакна Иванов пред кавадарчани.

Тој рече дека како државен врв, многу постигнале, а ги издвои следните успеси:

• Обезбедивме визна либерализација за нашите граѓани.
• Обезбедивме нови странски инвестиции, се отворивме кон нови пазари и создадовме нови можности за македонската економија.
• Од соработката со Кина, произлегоа и првите конкретни резултати.

„Да можете полесно да одите да ги претставувате своите вина во светот. Да ги зголемувате капацитетите на производство на вино. Да извезувате многу повеќе и на нови пазари. И да се отвораат нови работни места.
На ова треба да се концентрираме. Успешна е само онаа политика што отвора нови работни места,“ истакна Иванов.