Иванов: Македонија ја градиме како земја на иновации и нови технологии

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов заедно коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ги посети ден Богданци, Стојаково, Ѓавато и Селемли и пред насобраните граѓани тој се потсети на своето детство, на времето кога се живеело од земјоделието, на пазарите, но за жал и на транзицијата.

„Се сеќавам и на транзицијата.Кога доагавме кон Валандово, гледавме исушени лозја, затворени фабрики, уништени семјества, луѓе оставени сами на себе, кога никој не го почитуваше земјоделецот. Сега доагајќи повторно наваму, гледам нови лозови насади во Повардарието, гледам како се пробива автопатот Демир Капија – Смоквица,  и гледам како се шират оранџериите од геотермална вода кај Грчиште, индустриската зона кај Гевгелија, првиот ветерен парк во Македонија. Тоа е новиот лик на Македонија, но за да се дојде до тоа треба многу посветеност и љубов за Македонија. Затоа поддржав еден млад тим предводен од премиерот Никола Груевски, луѓе кои ја сакаат Македонија, кои ја менуваат Македонија  и создаваат нови работни места. Отворени се 120.000 работни места, изградени се нови фабрики, во земјоделието е вложено пола милијарда евра. Земјоделците повторно живеат од својот труд. Земјоделството знае како да го врати тоа, преку извозот на земјоделските прозиводи, преку извозот на храна. Повторно се почитува трудот на земјоделецот“, рече Иванов, додавајќи дека многу е направено, но  и дека преостанува уште многу работа.

„Да работиме тимски и сложно. Кога се работи како тим се е можно. Да се донесат нови странски инвестиции, да се направат патишта, да се реновираат училишта и да се задоволат потребите на сите населени места. Можно е кога сте посветени на државата и на граѓаните на Република Македонија“, истакна тој.

Тој подвлече дека за време на неговиот мандат многу е сторено и вложувано во вој крај. Вложени се преку 30 милиони денари во Основното училиште „Петар Мусев“,   во Средното училиште „Богданци“ и за изградба на спортската сала.

Партиципациите на факултетите двојно се намалија. Порано генерации,генерации млади луѓе не можеа да се школуваат, бидејќи мораа да одат во некои од европските центри. Сега младите од Богданци можат да се школуваат во Струмица, Гевгелија, каде се отворени дисперзирани студии.

„Целиот мој мандат беше посветен на младите. Затоа што ја градиме држвата, но треба да градиме и млади за иднината. Ни требаат луѓе кои ќе знаат да комуницираат со светот и кој ќе знаат да водат тимови, да организираат настани. Затоа ја отворив и Школата за млади лидери, за да оспособиме луѓе кои ќе знаат да водат. Затоа го воспоставивме и проектот Најдобар млад научник, да ги мотивираме и промовираме младите луѓе кои се занимаваат со наука, дека ѓи подржуваме и охрабруваме да успеваат во животот“, рече Иванов додавајќи дека

Во оваа општина изминатите години, во активни програми  и мерки за вработување се вклучени 89 луѓе од кои 28 се вклучени во мерките за директно вработување.

И со посебна гордост тој  ја истакна и  инвестицијата за изградба на првиот Ветерен парк во Република Македонија што ЕЛЕМ го гради во Богданци. Се очекува да испорачува најмалку 100 гигават часови обновлива енергија на годишно ниво, што е доволно да се обезбедат 60.000 граѓани.

„Затоа и во мојата на мојата програма стои дека Македонија ја градиме како земја на иновации и нови технологии. Инвестирање во обновливи извори на енергија и градење култура на енергетска ефикасност“, рече дојдавајќи дека заедно ќе постигнат се што сакаат ако работат сложно и единствено.

„Работиме заедно со централната и локалната власт. Работиме заедно со Владата, со Премиерот, со министрите со градоначалниците. Работиме заедно за да успее Македонија.Затоа и вашата градоначалничка имаше можост да ги претстави сите потенцијали со кои располага Богданци, пред амбасадорите кои ги донесов во овој крај да видат дека и тука може да се инвестира и вложува.

Дека сме вредни луѓе кои живеат од својот труд, но и луѓе кои живеат од својот ум и од се она што е вложено во образованието, во науката, тоа ги дава резултатите. Имаме се повеќе образовни луѓе кои помагаат да дојдат странски инвестици, да се отворат нови фабрики и нови работни места. Само до крајот на оваа година ќе се отворат 10.000 нови работни места. По тоа се мери успешноста во политиката.Успешен политичар не е оној што кажува убави говори. Успешноста во политиката се мери по тоа колку работни места се отворени“, нагласи Иванов, велејќи дека затоа и помага на Владата и сите иницијативи со кои се отвораат нови работни места.

„Затоа нашата економија расте, а кога расте економијата, растат и платите и пензиите и субвенциите. Единствено што опаѓа е невработеноста“, заврши претседателскиот кандидат кој по втор пат ја бара довербата од граѓаните.