Претседателот Ѓорге Иванов попладнево го посети демиркапиското село Бистринци.
На средбата со жителите на Бистринци беше разговарано за можностите за реконструкција на регионалниот пат, кој селото го поврзува со Демир Капија, како и за изградба на канализациона мрежа.
Поздравувајќи ја посетата на претседателот Иванов на нивното село, жителите на Бистринци со него поразговараа за тековните прашања и за секојдневниот живот во ова демиркаписко село.