Иванов: Посакувам оваа сплотеност што ја имаме за време на празниците да ја имаме во текот на целата година

По повод одбележувањето на Рожденството Христово – Божиќ, денеска премиерот Никола Груевски, претседателот на државата Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски заедно со своите сопруги присуствувааа на свечената литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.

„Овие празници се момент кога посакуваме се најубаво. И посакувам оваа сплотеност што ја имаме за време на празниците да ја имаме во текот на целата година. Да си помагаме меѓу себе и да бидеме солидарни,“ порача претседателот Иванов.

Тој додаде дека во семејството Иванови паричката на бадниковата вечер се паднала кај Господ.

Во изјавата по повод овој голем христијански празник, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски посака мир во Република Македонија, стабилност и просперитет на државата, истакнувајќи дека според него, најважно е сите да бидеме сплотени како на овој празник и во семејството и во државата, затоа што само сплотени можеме сите искушенија на кои наидуваме во текот на животото да ги надминеме.

Тој истакна дека Бадниковата вечер ја поминал традиционално со семејството во нивниот дом, а паричката годинава паднала кај неговата ќерка Ивана.

По повод Божик, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упатија Божикно послание во кое им поскауваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со радосниот и торжествен поздрав – Христос се роди!