Ивановски до четвртфинале на фјучрсот во Монастир

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во туниски Монастир.

Поради обилните врнежи на дожд во тунискиот град неколку пати беше прекинуван, на крајот заврши со хепи-енд за нашиот тенисер.

Македонецот во осминафиналето беше подобар од Французинот Никола Тепмак со 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.

Во четвртфиналето Ивановски го очекува подобриот од дуелот меѓу првиот носител Французинот Бертранд и Италијанецот Јанкон.