
Во рамките на работната посета на САД, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска во Вашингтон ќе оствари неколку средби со истакнати личности од областа на информатичко-комуникациската област.
Најнапред тој ќе се сретне со федералниот комесар за комуникации, Томас Вулер, како и со заменик комесарот за комуникации и информатичка технологија, Лери Стриклинг.
Предвидена е средба и со амбасадорот Даниел Сепулведа, координатор за меѓународни комуникации и информатичка политика во Стејт департментот. Сепулведа ги претставува САД во сите тела што одлучуваат за ИКТ политиките.