Ивица Коневски за „Фокус“ вели: Немам информации за Мијалков

Немам  – ова е кусиот одговор што Фокус го доби од поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, во однос на прашањето дали има информации поврзани со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е недостапен за да го прими решението со кое мерките за претпазливост му се заменуваат со домашен притвор до изрекување на првостепената пресуда во предметот со масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

Како што објави ТВ21, новинари од медиумиот вчера попладне ги забележале Мијалков и Коневски како пијат кафе во кафулето „Дистрикт“, во рамки на хотелот „Мериот“, кој е во косопственост на компанијата на синот на Мијалков, Јордан Мијалков. Притоа, Коневски и Мијалков разговарале половина час, при што прво заминал Коневски, а потоа и Мијалков.