Поради актуелната состојба со ковид-19, ријасетот на ИВЗ одлучи да ја откаже организацијата на главната манифестација по повод Курбан Бајрам.
Според верскиот календар, таа оваа година требаше да се одржи во четврток на 31 јули, со Бајрам намаз во Скопје во 6 часот и 6 минути.
Во сопштението на ИВЗ се наведува дека при Бајрамската молитва, верниците се должни да ги почитуват мерките кои важаат и за извршување секојдневен намаз во џамија, односно, задолжително носење маска, дезинфекција на рацете или носење ракавици и секој верник треба да има лично сеџаде.
Од ИВЗ наведуваат дека џамиите ќе бидат деизнфецирани, но укажуваат дека треба за извршување на молитвата треба да се користат дворовите на џамиите.
Од верниците, исто така се бара да внимаваат на физичката дистанца а ИВЗ забранува групирање пред или по молитвата. Абдесот да се зема дома а како што избстуваат, абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени.
ИВЗ укажува дека Сабах намаз треба се изврши дома, а намазот на Курбан Бајрам да не трае подолго од 15 минути.
Исто така, се препорачува максимално избегнување на поздравите со физички контакт и откажување од посета на гробишта.
За време на Фитер Бајрам, традиционалните семејни посети да бидат максимално редуцирани, пишува во соопштението на ИВЗ.