
На прашањето дали секојдневното туширање со кое се трошат литри вода навистина е потребно во време на раст на трошоците за потрошувачката на енергијата, некои дерматолози одговараат – не, но со услов да се почитуваат некои хигиенски прописи.
Според студијата којашто неодамна ја објави францускиот институт Ifor, три четвртини од Французите, или 76 отсто одговориле дека секојдневно го мијат целото тело, слично како и нивните соседи Германците или 77 отсто, а малку помалку на личната хигиена обраќаат Англичаните – 66 отсто и Италијанците – 53 отсто.
Меѓутоа, секојдневното туширање влијае врз потрошувачката на водата и на енергијата, како и на околината, пишува агенцијата AFP.
Според податоците на Информацискиот центар за вода (CIEAU), со просечно туширање се трошат околу 57 лири вода.
Дали тогаш е оправдано да се туширате секој ден: „Не е задолжително“, вели дерматологот Мари Журдан од Парис. Според неа, кожата е орган кој се обновува: „таа на извесен начин самата се чисти“.
Површината на кожата е прекриена со емулзија од вода и маснотија којашто формира ткн хидролипидна лента, првиот слој на заштита од заразни агенси и валкање. Тој заштитен пласт е подеднакво важен при спречувањето на дехидрацијата, тврдат експертите.
„Кожата е екосистем како и секој друг и добри е да се зачува нејзината рамнотежа“, додава Журдан, Доколку кожата е „пренатрупана со агресија“, како валканици и потење, треба да се исчисти. Но генерално, „секојдневното миење со сапун на зоните во коишто најмногу се потиме и кои се подобни за колони на бактерии, а тоа се пазувите, прстите на нозете и интимните делови, би требало да биде доволно“, додава.
„Напротив, со претераното миење ја суши кожата, можни се егземи“, предупредува Журдан.
Движењето на „некапените“
Од XIX век и трудовите на Луј Пастер е „познато дека со миењето се уништува голем дел од бактериите кои се одговорни за епидемиите“.
Но сега, во услови на сегашната енергетска криза во Европа и повиците на европските влади да се намалат туширањата со топла вода поради заштеда на струјата, сѐ почести се наводите дека честото туширање е штетно за кожата.
„Меѓутоа, денеска се соочуваме со луѓе коишто претерано се капат, неколкупати на ден, често во страв од вируси. Им се заканува да го променат хидролипидниот слој која ја заштитува кожата“, вели за AFP , Лоренс Нетер дерматолог и венеролог од Париз.
Дерматолозите поради тоа препорачуваат зоните на телата кои се најмногу изложени на потење да ги мијат користејќи минимално количество пени за туширање.
„Ако се навикнеме да се тушираме на секои два или три дена, нема да има проблеми, освен доколку не се потиме многу и покрај тоа спортист. Таквата практика би била идеална да ги помири хигиената, здравата кожа и помалата потрошувачка на енергија“, вели Нетер.
„Секојдневното миење на целото тело со сапун не ни е потребно“, додава.
Властите и стручњаците сега сѐ почесто посочуваат дека „капењето во када би било подобро да се заборави“. Имено за купка потребни се меѓу 150 и 200 литри вода.
„Тоа е практика за телесно и психичко опуштање, но често водата е претопла или трае предолго, а тоа ја исушува кожата и создава нерамнотежа во системот на епидермата“, се вели во прилогот на AFP.
Се наведува и дека на „хигиенистичкиот пристап“ му е спротиставен „движењето на некапените“ кој заговара помалку капење од „еколошки причини“ и поради „заштита на кожата“, како и дека последните десетина година тоа движење јакне особено во САД.
Французинот Александр Муние вели дека не се поведува по тоа движење, но дека има свој принцип.
„Се туширам трипати месечно, тогаш кога сум валкан или сум се испотил. А особено денес, секоја капка е важна“, вели овој 31-годишник и додава дека никој сѐ уште не му рекол дека „смрди“.