Избори и пописи – секс и лаги = голи задници

Навлегуваме во периодот на лукративно „пенисоболие“ меѓу охрабрените граџани кои веќе наслутуваат дека локалните избори се место кај ќе можат да си играат „ташак“ со себе и околината. „Парада кича и весеља“ – станува ова како селска српска свадба… а, и толку трае.

Кај и да е наскоро ова ќе стане медиумски циркус кој полека ќе се приближува до естетиката на елџибити парадите во комбинација со етно-карневалите – лумепрајка без заклучок и корист. Видете, убаво е во демократија да имаме се’ и сешто, секого и секакви, супер, но барем базичните работи да беа забетонирани, за локални зборам, да барем функционираа јавните претпријатија како најдиректен услужен сервис за квелиетет на живеење на граѓаните.

ОК, се согласувам слободата (на лудоста) е најбитна, но слободата подразбира одговорност – ја не гледам ама воопшто кај многумина освен гола егзинтенцијална борба за преживување покрај давата партиски мастадонта против кои не се може но морже да се одработи – со одземање на гласови од една во корист на другата. После, нема квичење, оф оф, ова фали она фали, ама јас гласав за овој – оној, како во најубавата реклама на Изи од и за СДСМ спотот – „после е.ење нема каење“. А, ве разбирам дека досегашниот, па ваш сериозен пристап не вроди со плод. Па како ќе вроди, со акламација го избравте најголемиот партиски курназ, кој освен „пис“ на уста, чемер и мрак на јаз’к, поглед – дубок буре, со слогани – ИЧ НЕМОЈ ДА НЕ’ ГЛАСАШ не само што е на раб повторно да победи туку на рејтинзи не губи со 90 напрема 10! Е па граџанство, во ова обезглавено Скопје вие сте голи танчери кои на гробот му играте, град кој опстанува 2 милениума, веќе метастазира како дегенерирана вирус-зомби гротеска. И после кој ви е виновен?

Да ќе кажам слободно, единствен градоначалник со концепт, сериозен концепт и познавања на суштествените проблеми на градот беше и остана Коце Трајановски. Ма кажаете што сакате, такво ниво на менаџирање со градов немало и не знам дали некогаш ќе има, но вам ви е помило мојот да победи, па нека се уништи се’ – од инат! Кој Луј беше, а?

Гласајте си слободно, но после резултатите – застанете машки, со „кохоњес“ и сносете ги последиците дека вашиот глас за некаков си „бонвиван“ или „гузатосисата“ појава е смешка – оти сите биле исти – слоган кој секогаш е најгласен кога партијата на власт паѓа на рејтинзи, сте го дале за колку да одземе гласови за некоја сериозна планирана интервенција како последна надеж пред имплозијата на градов.

За пописот…

Џеросимо напиша една колумна која овде ментално ја копипастирам…, а се однесуваше за она џоа апостол мрсно вулгарно створче кое користејќи го речникот на бц и шиги, сикти, цеди низ заби и се закнува кој што ќе му направел ако не се попишел! И вие му ќутитие!?!? Мислам дека намерно иде и удира у ген не да заплаши, туку баш да не рчне у контра ген, да направи токму тоа, – ти ли бе на мене да се попишам? Е баш нема! Немој да се чудите, лукаво препредени им се концептите, а не се глупи да ни го знаат народниот биос на комбинација на лакејство и прпа/вуна…

Секако дека на секој фактор кој сериозно се заангажира за или против попис му давам за право – бидејќи не може медиумски поинаку, без оглед дали се согласувам или не. Ма ова е дебата исто како за вакцините – жиФми сФе! Споми ЗА вили и мотики по тебе, спомни против, палат крематориуми. Туку имам една мисла на ум, која ме мачи од референдумот, оној успешен-неуспешен за името… што ако еднаш, факин еднаш, масовно со бебиња во раце и деца мкнење за ногавица, со извадени болни со се’ кревети, со се’ кучиња мачиња и миленици, се живо, навалиме сите до „факин“ еден, на попис или избори или референдум? Да има не висока излезеност или одзив туку несфатливо, непојмливо и непофторливо во историјата било каде, сите до еден да гласаме! Замислете? Имеџин ол д пипл – Ленон! Како ќе мести после? Ќе направи демек се лажно три пати повеќе и збирно кога ќе се појави деа земјата за помалку од една година имала прираст на наталитетот за 600.000 граџани? Замислете излезат според пописот нам 2.600.000!!?!? Па, ни најголемите дупелисци нема да го проголтаат тоа, а уверен сум дека хеликоптери на ЦНН ќе не надлетуваат со денови.

Овој попис, ваков каков е, сега и да ни го сместат, никој нема ни да мрдне со прст, ниеден валиден фактор, а вие ќе се јавувате кај мене во емисија горди на успешноста додека резултатите се спроведуваат на терен и политички и финансиски!? Која победа??? Каков апсурд! Но, нека штанацаат, а ние, граџаните излеземе сите до 1, ние и цела дијаспора, како живот да ни зависи од тоа и ако ги местат тоа може да доведе до скандалозни резултати, за кои, без и да зуцнам, цел свет ќе се фокусира на овој скандал без преседан уште од времето на БЛИП-от кога се вратија оние 50% што Танос ги снапна со прстите!

Епа сори кој разбере разбере, јас само знам дека кога иде народ/Дунав/ Брегалница/ Нијагара тешко се ништи таа воља со било какви маневри.

Моето мислење било и останува уште од канал 103, нема да го сменам за ниеден аргумент, зборам за изјава јавно дадена 1996 на Зависна Листа кога еден младич ми кажа дека нема да гласа оти никој не сакал – му реков негово право, но ако не гласаш или некој ќе го злоупотреби твоето ливче ама после немаш право да се буниш за тоа каков ти е животот, мораш да се помириш. Епа, се помиривте или имате бунт во себе, јас мислам дека се правите да НЕ дадете воопшто одговор на ова прашање!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес