Авторот на светски познатата ТВ серија „Сопранови“, Дејвид Чејс, го откри глумецот што ќе го толкува ликот на младиот Тони Сопрано, во најавеното предпродолжение на сагата.
Тоа е Мајкл Гандолфини – синот на Џејмс Гандолфини, кој го глумеше истиот лик во оригиналната серија.
Серијата и Џејмс Гандолфини како анти-херој, собраа над 100 „златни глобуси“, „емија“ и други награди во периодот 1999 – 2007, додека се прикажуваа шесте сезони.
Гандолфини почина во 2013 година.
Во новите епизоди, другите улоги ќе ги глумат Алесандро Нивола, Вера Фармига, Џон Бернтал, Били Магнусен и Кори Стол.
Проектот насловен како „Многуте светци на Њуарк“ е се’ уште во предпродукција.