Имам еден помлад другар, кој својата младост наместо да ја троши во Македонија како што посакува, приморан е да работи на „крузери“ по неколку месеци и потоа сите пари пак да ги донесе во Македонија. И ми вели: „Виктор пукнат ми е филмот! Да сум ја власт многумина би завршиле ’уза’ ѕид“.
Јасна е неговата порака. Сепак јас имам поинвентивни мерки бидејќи неговата е милосрдие.
Зошто?
На гроздобер во овчеполието дознавам дека директорот на акумулацијата Калиманци намерно не ја пуштал водата кон овој регион, си ја праќал само за Кочани за во оризовите полиња, и го пеплосал Овчеполието и коментирал: „Нека умрат“.
Браво бе другар. Па, дури и да е додадена вредност коментарот, фактот е дека не си ја пуштил водата и јас ги охрабрувам овчеполци да те тужат за ТЕОРОРИЗАМ. Инаку ќе сака да се вади дека во септември пуштил вода, а претходните месеци? Сведоците се живи сите.
А, екологистиве кај се, за овој случај? Ќе да е помладиов во право.
Мала дигресија
Христијан Мицкоски најави дека ќе го реши проблемот со коментирањето на спортските канали. Од мене има 100% поддршка, ама ме интересира како ќе реагира на Зоран Трајчевски што 12 години не го реши проблемот и, според мене, го уништи спортско новинарство. Зошто? Христијан сам ќе дознае.
За оние што го напаѓаат Африм Гаши од коалицијата СДС-ДУИ, прво истиот е крив еве јас признавам, ама истиот кога беше пратеник и стана претседател на Собранието на Македонија позитивно се изјасни на мојот апел лично до него за спортското коментирање. А, Вие си го чувавте Зоран Трајчевски за Боки 13 тредичи да отвори телевизија и да рекетира. Инаку на Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и падна делото ИЗМАМА. Значи сепак некој мал дел од судствово е нормално.
Поздрав до Боки 13 Тредичи, а Вие од ВМРО-ДПМНЕ не бидете будали.
Назад во колумната
Жидас Даскаловски имал бугарски пасош? Повеќе извори потврдија дека е така, а тој не демантира. Сепак молкот повеќе ме загрижува поради тоа што е советник за надворешни работи на Претседателот на Македонија, а ние сме во специјална војна. Жидас Даскаловски мора да разбере дека Македонија е во специјална војна за своја економско финансиска-енергетска независност и тоа директно со „Екологисти“. Да, да добро читаме сите „Екологисти“.
Изет Меџити, пак, не смее да потпаѓа на нападот дали знае или незнае англиски. Големо чудо. Секоја влада мора да има став дека само во Министерството за надворешни работи и трговија мора да знаат англиски јазик. Сите други со преведувачи, кој дел би биле под Државна Тајна, другите немора. А, и пополека малку со самитиве, овде има работа која е загрижувачка и бара личности кои знаат да реагираат брзо.
Зошто? Еве зошто.
Поради еколошко-политичко „мафијашки“ и лични неостварени желби беше одземена дозволата на рудникот Казандол и се прогласуваше победа. Ќе сме живееле од земјоделие и градоначалник на Валандово да бил Перо Костадиновски, он бил „Њу вејв“ во политиката ѓоа Гошев, Иванов и Пенов. Е, ама доаѓа вистината, а таа е следната:
- Сите државни институции посебно министерството и инспекторатот во делот екологија потврдуваат дека рудникот користи најмодерна технологија, и како еден дел од извештајот потврдуваат дека сулфур во нивната вода има неколку пати помалку од дозволеното, која се употребува во исхраната, посебно оцетот;
- Перо плаче кај Заев, овој искача будала и му формира комисија на чело со некоја госпоѓа, која мора да знае дека Казандол цело време го следи нејзиното напредување во кариерата, и ја одземаат концесијата. Радости и ред солзи – ред мрсули. Ама тек ќе плачат;
- Перо градоначалнико не кажува дека еден од клучните луѓе на Казандол е Ацо Спасеноски, поранешен министер за земјоделие кој прв доделува 100 милиони евра субвенции и го пишува законот за органско производство;
- Лажат Перо и другите дека на арбитражата во Лондон ќе победат. Ама на Казандол адвокати им биле Чери Блер енд компани и им платиле 3,5 милиони евра, а нашава држава на своите многу помалку познати адвокати им платила дури 13 милиони? Плус сите да знаат дека цела Македонија има да дознае од мене се’ што збореле на судењето. Се’ е снимено и ставено на хартија
- Инаку ова е прво судење. Ова се само инвеститорите. За другите тужители во следната колумна: Сања Божиновска, енергетика и рударство;
Изгледа дека мојов млад пријател е во право кога вели „уза“ ѕид.
Лажните загрижени „Екологисти“ ќе ги лажат политичарите дека тоа така било во Европа, дека ние сите ќе сме умреле, дека целата шума ќе ја исечат итн. Ама не е така!
Изет Меџити мора да ја преземе целата иницијатива во која ќе докаже дека има луѓе кои се загрижени за животната средина со тоа што имаат научна основа за тоа и можат да дадат решенија во многу полиња: фармакологија, земјоделие, рударство, металургија, градежништво, домаќинства, сообраќај итн.
Сите други се измамници. И тоа помогнати од одредени новинари дел свесно и дел несвесно со девизата: Информација со крв и паника е ТОП информација. Тоа е злобно новинарство и затоа мора да бидеме свесни и освестени, а дали има докази за потплатени новинари наскоро ќе се дознае.
За да може да ја перципира Изет Меџити улогата на науката ќе му дадам еден пример. Водовод скопски распишува тендер за „Проценка за цевките до изворот Рашче и нивниот животен век итн“. И го дава на фирма од Машински Факултет (Христијан Мицкоски нема врска, ова е у време на Данела). Што разбираат тие од Испитување на Метали? Ништо. Тоа го разбира само Технолошко-металуршки факултет. Таму е таа наука. И обратно ТМФ неможе да расклопуе ветерници и турбини или пак да учи глумци. Нели у филмови има челичарници итн.
Или наједноставно. И јас како Мицкоски (споменат како познат машинец) учев техничко цртање кај Јолевски и Машински елементи кај Андоновиќ, ама како студент на ТМФ учев да препознаеме, а он како машинец суштински да влезе во проблематиката, ама он не учеше и не полагаше Испитување на Метали кај Свето Цветковски-Цеко или Леење кај Кирил Поп Тонев и Благој Ризов.
Затоа јавно го повикувам Христијан Мицковски и Изет Меџити како главни во Владата на Македонија веднаш да реагираат на точките каде има троски во Лојане и Велес (топилница) и Јегуновце (Југохром) и да го ангажираат ТМФ од научен аспект, а не приучени дилетанти „ЕКОЛОГИСТИ“, и сериозно да се загрижат дали може да дојде до загадување на реката Вардар и голем број народ. Посебно каде може да биде загрозен изворот Рашче и Скопјани не да добијат техничка вода, туку да добијат вода за во парно ЕСМ дистрибуција и ладење на Железара. Тоа значи нема вода за никој народ, стока и земја.
Дали сум сериозен? ДА. Не ширам паника, ама има место за голем страв.
Впрочем јас имам храброст да донесам одлуки дека нема возење на коли под еуро 6 и сите други во печка на топење, имам храброст да набавиме автобуси бројка 700, да прошириме пешачка зона, да функционира жолта лента, такси возило на лизинг со лиценца и 1% камата, дрвата за огрев мора да се стари најмалку три години, сите болници, хотели итн мораат да имаат заштитни мерки заради водите.
Лажните „ЕКОЛОГИСТИ“ зборат за дебати и семинари. Јас зборам за акција и реакција. А, тие немаат потребна државничка љубов да го разберат тоа.
И затоа го прашувам Изет Меџити како интелегентен човек и разумен политичар, како реагира на новинарски натпис од 2014 година кој вели: „Зелена Платформа се создаде со над 25 НВО“? Што е тоа над 25? 26 или 34 или пак 765. Тоа значи дека тие новинари несвесно паднале под Пи-Ар на измамници.
За разлика од имамниците, јас пак вака.
Мене еден од авторите, Перица Пауновиќ, заедно со Светомир Хаџи Јорданов на книгата Електролиза, Теорија и Технологија каде јасно пишува за Електрорафинирање злато, ми ја има посветено како долгогодишен пријател.
Јас имам професори од Технолошко-металуршки факултет кои ги почитувам и и’ велам на цела Македонија. Овие се вистински екологисти. Тие знаат суштински и научно.
Заборавете на лажњаците. И државата нека си го изгледа видеото на информер.рс каде јасно дадоа докази за влез на 80 милиони евра да ја срушат економската политика на Србија.
Продолжуваме следниот петок со Србија и литиум, Македонија и благородни и обоени метали.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес