Двата пожари кои вечерва беснееја во Скопско, во Арачиново, другиот на Водно, кај Ракотинци – Сопиште, се изгаснати.
„И последниот дел од пожарот во Ракотинци – Сопиште е изгаснат. Безбедни се граѓаните. Комплетно локализиран“, објави на социјалните мрежи Пожарна Скопје.
Два пожари вечерва беснееја во Скопје. Едниот во атарот на селото Арачиново, другиот на падините на Водно, кај селата Сопиште и Ракотинци. И двата се подметнати како што соопштуваат од Противпожарната бригада Скопје.
Командирот Владимир Симоновски, претходно во понеделникот вечерта изјави за медиумите дека пожарите се локализирани и не претставуваат опасност за граѓаните.
Во моментов има два активни, едниот кај Ракотинци и Сопиште. Кај Сопиште е локализиран, значи нема опасност кон население на тој. Се работи за догасување кај делот за Ракотинци. Првично се пристапува кон гасење од делот кој предизвикува опасност за население и за материјални работи. Се постапува и на догасување на делот со ниска шума, посебно за делот во Арачиново. Станува збор за трска и стрниште, во текот на вечерта ќе биде локализиран, изјави Симоновски.
Поради понепристапниот терен, четири возила на Противпожарната бригада се справуваа со пожарот кај Сопиште и Ракотинци, додека со едно возило се гасеа пожарникарите во Арачиново.