![галија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/gali-a.jpg?resize=550%2C308&ssl=1)
Изгаснат пожарот кој рано утринава изби на една од галиите во реката Вардар.
Пожарот избил во внатрешноста, а потоа се проширил кон предниот дел од галијата.
На терен излегле три противпожарни возила и во моментов тој е изгаснат.
Станува збор за галијата „Среќа“ која е лоцирана во близина на хотелот „Холидеј Ин“.
Станува збор за истата галија која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива.
Бродот стои разрушен одвнатре и не е првпат да биде запален.