Изгоре автомобил во скопско Сопиште

Во попладневните часови регистриран е пожар на автомобил во населбата Сопиште. Автомобилот е целосно уништен, а самата незгода направи и голем метеж во сообраќајот.

Од СВР Скпоје велат дека се работи за возило Форд Мондео.

„На терен излезена е противпожарна единица и пожарот е локализиран”, информираат од МВР.

СВР Скопје во моментов врши увид на лице место. Засега нема информации за повредени при пожарот. Со повеќе детали ќе известиме наскоро.

Во продолжение погледнете дел од она што нашите камери го забележаа на самото место.