Изгоре бутик во скопската населба Карпош, огнот зафатил стан и два автомобила

МВР информира дека рано утринава во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда во скопската населба Карпош. Повредени лица нема.

Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно и стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна единица на клима уред и дел од прозорци на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.

Исто така, биле зафатени две патнички возила – „шкода камик “, паркирано од М.Т.(48) од Скопје како и „форд фокус“, сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.

Бригадата за противпожарна заштита го локализира пожарот, а бил извршен и увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.