
Холивудскиот актер Расел Кроу објави на социјалните мрежи дека пожарот го уништил неговиот имот. На источниот брег на Австралија овие денови беснее голем шумски пожар, а штетите сè уште не се проценети, но се претпоставува дека се милионски.
На удар на оваа природна катастрофа се најде и познатиот оскаровец кој сподели видеа и фотографии од уништениот семеен дом, а во еден момент над него го снима и хеликоптерот како го гасне пожарот.
Во својата објава тој потврди дека неговото семејство е на сигурно опкружено со пријателите.