Изгоре најпознатиот германски ресторан

Еден од најпрославените германски ресторани „Schwarzwaldstube“ во Бајерсброн кој веќе со денеции носи три Мишленови ѕвездички изгоре ноќта кон неделата, соопшти полицијата.

„Ресторанот целосно изгоре. Ова е тежок удар за Шварцвалд“, соопшти противпожарната служба во Бајерсброн. Пожарот, кој ноќта кон неделата избувнал во ресторанот, не се проширил на соседниот луксузен хотел.

Ресторанот „Schwarzwaldstube“ спаѓа меѓу најпознатите германски и европски ресторани и со децении е омиленото место за собирање на љубителите на врвното кулинарство од целиот свет.

Од 1992 година ресторанот непрекинато секоја година е оценуван со три ѕвездички на познатиот кулинарски водич Мишлен и со тоа спаѓа меѓу рестораните кои најдолго ја носат оваа оцена.

Со години ресторанот беше врзан за името на Харалд Вохлфарт, еден од најпознатите германски и светски готвачи кои весникот The New York Times во деведесетттите години од минатиот век го вброи меѓу најдобрите готвачи на светот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA