Изградени 36 нови спортски сали низ Македонија

Вкупно 36 нови спортски сали се изгради во изминатите неколку години во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали, информираше денеска ресорниот министер, Спиро Ристовски.

„Во изминатите неколку години се изградени комплетно нови 36 спортски сали,  поголеми или помали во зависност од моделот и од локацијата“, рече Ристовски, која нагласи дека 16 се во градба и се очекува во следниот период да бидат целосно завршени.

Овие спортски сали, како што рече тој, ги користат не само учениците, туку и жителите на општините во кои што се изградени.

Петнаесет се во градба и се очекува во следниот период да бидат завршени, изјави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

„Министерството за образование и наука ќе продолжи и натаму да ги гради, паралелно со проектот што го реализира Агенцијата за млади и спорт за изградба на дополнителни 35 спортски сали“, рече Ристовски, потенцирајќи дека станува збор за еден од позначајните проекти на Владата за чија реализација досега се одвоени над еден милион денари.