На првата прес-конференција во Државната изборна комисија информираа за излезноста до 10 часот, односно за првите три часа од гласањето.
Информации се добиени од 75,28 отсто од избирачките места. До 10 часот гласале вкупно 80.569 граѓани, што е 6,05 отсто од избирачите.
Најголема излезност има во Прилеп 11,05, Свети Николе 11,48, Пехчево 10,22, Новаци 10,6 , Демир Хисар 10,12 и Македонски Брод 10,11 отсто.
Најмалку гласале граѓаните од Боговиње каде излезноста е 1,79, во Липково 0,97 а во Долнени 1,85 отсто.
На 3.480 избирачки места во републикавана шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.