Излезноста до 15 часот под 23 отсто, соопшти ДИК

Заклучно до 15 часот гласале 334.075 избирачи, а претворено во проценти тоа е 22, 56 отсто, рече на прес-конференција го истакна претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски.

Додаде дека денот се одвива во истата атмосфера како и досега и им се заблагодари на поголемиот дел на граѓани поради демократската атмосфера.

„Ги критикувам сите оние коишто во текот на денот сакаа да ја нарушат таквата слика, со брза интервенција тие инциденти се надминати“, додаде Дерковски.

Според податоците, најголема  излесноста во Сарај од 36,57 отсто, а најниска е во општините Босилово и Зрновци од малку на 11 проценти.

 

ЛИНК