Излезноста до 17 часот под 35 отсто

Од 7 часот утрово до 17 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 613.415 избирачи од вкупно 1.808.131 граѓани со право на глас по обработените 98,69 отсто од изборниот матерајл што во моментов претставува 34,38 проценти, покажува показателот на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК).

Малку претходно на последната прес-конференција, портпаролката на ДИК, соопшти дека излезноста за првиот круг на предтеседателските избори до 17 часот е 35,13 отсто. До ДИК пристигнале податоци за 79 отсто од гласачките места.

„Доколку би го следеле овој тренд, доколку се обработени 100 посто тоа би значело дека на гласање до 17 часот изглегле околу 600 илјади граѓани, соошти портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Места со најголема излезност, како што посочи Гугучевска, се: Крива Палана 57 отсто, Демир Капија 52 отсто, Демир Хисир 51 отсто, Крушево 50 отсто, Новаци 53 отсто и Прилеп 50 отсто.

Места со најмала излезност, пак, се Липково 13 отсто, Желино 13 отсто, Центар Жупа 12 отсто и Пласница 12 отсто.

Од запишаните 52.273 односно 52.193 граѓани на Охрид со право на глас, до 17 часот на гласање излегле 23.315 граѓани или во проценти 44,6 отсто, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски.

Според ОИК, изборниот процес во Охрид се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, а до комисијата досега не се пристигнати информации за изборни нерегуларности.

Граѓаните денеска гласаат на шестите претседателски избори, а граѓаните на Охрид избираат и нов градоначалник. Во Охрид се гласа на 88 избирачки места, за еден од тројцата кандидати за претседател на државата и петтемина кандидати за градоначалник.

На само два часа пред затворање на избирачките места излезеноста во Кичево изнесува 28,37 отсто.

Досега правото на глас на овие преседателски избори го оствариле 14.271 од вкупно 50.296 лица кои имаат право на глас, на сите 115 избирачки места во Кичево.

– Изборниот процес се одвива мирно и без тешкоти, се надеваме дека вака мирно ќе биде и во наредните два часа и достоинствено ќе го завршиме овој изборен ден, рече преседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сефери.

Додаде дека на две изборни места, во селата Јагол Долеци од запишани девет и селото Дупјани од запишани шест гласачи не гласал ниту еден гласач.