Изложба и работилница во Детскиот креативен центар

 Детскиот креативен центар ќе организира изложба и работилница, по повод Денот на жената, на која членовите од Ликовното Студио, заедно со присутните деца на настанот ќе имаат можност да креираат осмомартовски честитки кои потоа ќе им бидат подарени на гостите на изложбата. Настанот ќе се случи во сабота, на 8-ми март во 13 часот, во Детскиот креативен центар.
Свои дела ќе изложи и ликовниот уметник Лилјана Стојанова, која ќе се претстави со дваесетина минијатури.
Основна цел на Детскиот креативен центар во седумнааесетгодишното постоење е на децата, преку индивидуални или колективни посети, низ игра и организирани активности им овозможи да го покажат својот талент и креативност.