Пациентите повеќе нема одат кај нивниот матичен лекар за да го донесат заверениот упат кој е креиран при итен преглед во установа од повисоко ниво, е најновата измена во услугата „Мој термин“
Измените предвидуваат упатот за кој веќе има електронски запис во системот по автоматизам да биде прифатен и поврзан со пресметката и останатите обврски на установата од повисоко ниво.
Втората новина, како што беше истакнато, се однесува на олеснување на упатувањето пациенти, односно при закажување контролни прегледи кај специјалисти или кај субспецијалист.
Контролните прегледи сега ќе ги закажува специјалистот или субспецијалистот кај кого се врши прегледот, односно упатот кој е издаден од матичниот лекар при првиот преглед ќе продолжи да важи до завршувањето на лекувањето, но најмногу една година.
Ова најчесто ќе се користи кај пациентите со хронични заболувања со што автоматски и при првата посета кај специјалист или субспецијалист за нив ќе се обезбеди термин за контрола. Така ќе се елиминира потребата овие пациенти да бараат слободен термин за нивните потреби.
Со овие измени се предвидува матичниот лекар за хроничните пациенти да издава упат еднаш годишно со што треба да се намали и притисокот кај матичните лекари. Овие измени значително ќе намалат бројот на непотребно креирани термини за време за преглед кои се однесуваат на контрола, како и одењето на пациентите кај матичниот лекар за ретроградно издавање на упат за итни случаи.
Во изминатите шест месеци се издадени 270.000 упати за веќе завршени прегледи за кои што било побарано од пациентите да одат кај матичните лекари на заверка.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во изминативе шест месеци се издадени 270.000 упати за веќе завршени прегледи за кои е побарано од пациентите да одат кај матичните лекари да го заверат.