Изменет сообраќајниот режим на „Лазар Личеновски“ поради снимање на филм

Поради снимање филм, утре и задутре од 18:00 до 06:00 часот и на 15 и 16 септември 2019 (недела и понеделник) од 18:00 до 06:00 часот, на улицата „Лазар Личеновски” ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот