Изменет возен ред за автобусот број 25

Од ЈСП Скопје ја информираат јавноста дека линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд (6-7.10.2018 година) ќе има измена во возниот ред. Терминот за поаѓање на автобусот во 7.30 часот, се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот.

Изминатиот период, терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на планинарите и поради високите температури во летниот период. Потсетуваме дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат. Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село), велат од ЈСП.