Над 1200 повици во изминатите седум дена од 13.02.2017 до 19.02.2017 година за медицински совет.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Персонал од 25 доктори вкупно се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата најчесто се за совети поврзани со хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, покачена телесна температура, кашлици и симптомна болка.