Изминатото деноноќие 1 769 повици на 112, информираат од ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 769 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,10 отсто, а 61,90 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 49,79 отсто, кон итната медицинска помош 43,57 проценти, а кон пожарникарите 4,56 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

-Инаку, 1.100 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,07 отсто со другите 57,30 проценти што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање, велат од ЦУК.

Од ЦУК посочуваат дека пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје во период од 17:25 до 18:20 часот, со двајца пожарникара и едно противпожарно возила гаснеле запалена ниска вегетација кај село Кондово во општина Сарај.

Изминатото деноноќие две помали интервенции имале и пожарникарите од ТППЕ Кичево.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во период од 17:45 до 18:05 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација покрај автопатот од Куманово во правец на бензинската пумпа на Макпетрол кон село Романовце.