Изнемоштен коњ колабира на улица во Скопје Север. Ова е трет смртен случај да угине коњ во Скопје за еден месец.
Фотографиите од тажната случка се објавени на страната „Ѕид на сообраќајниот срам“ и може да се види дека коњот влечел импровизирана приколка натоварена со разни предмети.
Фотографиите предизвикаа лавина коментари кај јавноста.
Пред една недела беше оставен прегладнет и дехидриран на кејот на Вардар.