Израелските сили за одбрана (IDF) бомбардираа цели во палестинската енклава Појасот Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламски џихад и усмртиле командант на ова исламистичко милитантно движење кое најави одмазда тврдејќи дека може да го погоди и Тел Авив.
Локални медицински извори во Газа соопштија дека се убиени најмалку осум лица, вклучително и петгодишно дете, како и дека се ранети уште 44 други лица. Израелскиот напад следи неколку дена по ескалацијата на тензиите по апсењето на палестински борбен лидер оваа седмица.
„Израелските сили за одбрана моментално изведува напади во Појасот Газа. Прогласена е специјална состојба на израелскиот домашен фронт“, соопшти израелската војска.
Палестински исламистички функционер изјави дека Тајсер ал-Џабари, висок командант на движењето е убиен во нападите кои погодиле неколку цели во густо населена област во Газа.
Нападите доаѓаат по израелското апсење претходно седмицава на Басам ал-Сауди, висок лидер на палестинското исламистичко движење Исламски џихад, во текот на рација во градот Џенин, во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел по војната од 1967 година.
Дополнително, израелските сили ги затворија сите премини во Газа и на блиските патни правци поради страв од одмазда од милитантните групации кои имаат упоришта во Газа.
Во соопштението објавено на телевизискиот проирански канал Al Mayadeen, Зијад ал-Накала еде од лидерите на Исламски џихад вети одмазда на израелските напади.
„Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе падне под гранатите на отпорот, како и сите израелски градови“, се закани ал-Накала.
Газа, тесен појас земја каде на 365 квадратни километри живеат 2,3 милини жители, е константна точка на судири откако движењето Хамас ја презема контролата над оваа енклава во 2007 година.
Од 2009 година Израел водеше пет судири со Хамас, а во последниот судир од мај 2021 година, кога палестинските движење истрелаа повеќе илјади ракети врз Израел кој одговори со воздушни напади врз Газа.