Израел ќе ја нуди третата доза од вакцината на „Pfizer“ за ризичните

Израел ќе им ја понуди третата доза од вакцината против коронавирусот на „Pfizer/BioNTech“ за возрасни лица со слаб имунолошки систем, но сѐ уште се калкулира за можната трета доза за сите, објави во неделата министерството за здравство.

Поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот бројот на заразените на дневно ниво се зголеми изминатите месец од едноцифрен број до ооколу 450 случаи.

Министерот за здравство Нитцан Хоровиц изјави дека веднаш стапува на сила одлуката за тоа дека возрасните лица со слаб имунолошки систем, кој примиле две дози од вакцината на „Pfizer“, би можеле да ја примат дополнителната доза, а оти се очекува поширока дистрибуција.

Претходно создавачите на ткн „информациска РНК“ (mRNK) вакцина, американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка лабораторија „BioNTech“ во четвртокот објавија дека следните неколку седмици ќе побараат од американските и европските регулатори да одобрат инјектирање на дополнителна доза од вакцината.

Двете компании при барањето на одобрувањето се повикуваат на зголемениот ризик од заразата шест месеци по вакцинирањето. Компаниите не покажаа податоци коишти укажуваат на тоа, поради што беа критикувани од некои научници и функционери. „Pfizer“ и „BioNTech“ наведуваат дека тие податоци наскоро ќе ѝ бидат достапни на јавноста.

„Го истражуваме прашањето и сѐ уште немаме конечен одговор. Во секој случај, отсега ја даваме третата инјекција на имунодефициентните лица. Тоа, на пример, се луѓе кои се подвргнати на трансплантација на органи или имаат здравствена состојбна кое предизвикува пад на имунитетот“, изјави Хоровиџ за радиот Kan зборувајќи за можноста за дополнителни дози од вацината за општата популација.

Во Израел се вакцинирани околу половината од 46 моментално хоспитализианите пациенти поради Covid-19, се наведува во соопштението на министерството за здравство. Шефот на израелскиот штаб за справување со коронавирусот Начман Ап во средата ече дека повеќето постари од 60 година и дека имале претходни здравствени проблеми.

Хоровиц денеска рече дека министерството за здравство ќе ја пополни празнината во снабдувањето од „Pfizer“ за општата популација со достапните дози на производителот „Moderna“ која исто така се темели на „mRNK“ платформата.

Израел речиси исклучиво со вакцината на „Pfizer“ околу 60 отсто од 9,3 отсто од населението. Но околку 700.000 дози на кои им истекува рокот кон крајот на јули ги испрати во Јужна Кореја. Според договор, Сеул ќе му испрати на Израел ист број дози во септември и октомври.

„Имаме вакцини на Moderna и возрасните коишто сакаат да се вакцинираат можат тоа да го сторат веќе денеска или уште утре со вакцината на Moderna. Младите ги вакцинираме со Pfizer и се обидуваме да набавме дополнителни дози“, изјави министерот Хоровиц.

Израел сака да вакцинира повеќе адолесценти до почетокот на училишната година во септември. Според моменталните регулации малолетниците може да примат само вакцина на Pfizer.