Израел ќе тестира деца над три години за антитела на Covid-19

(Photo by Menahem KAHANA / AFP)

Израел започна со тестирање за антитела за деца над тригодишна возраст, барајќи информации за бројот на невакцинирани млади лица кои развиле заштита од коронавирус пред новата учебна година.

И покрај зголемените дневни инфекции предизвикани од високо заразната делта варијантана коронавирусот, израелската влада инсистира дека сака да ги избегне проблемите и тешкотиите во развојот, предизвикани од затворањето на училиштата.

Израел веќе претходно започна да вакцинира деца на возраст од 12 и повеќе години.

Националното серолошко истражување се фокусира на ученици на возраст од три до 12 години, кои се уште не ги исполнуваат условите за вакцинација, речиси 1,5 милиони деца. Тоа има цел да открие колку деца развиле силна заштита со антитела на коронавирус по нерегистриран или латентен случај, според Министерството за образование.

Децата со доволно антитела нема да бидат принудени да бидат ставени во карантин кога ќе бидат во контакт со позитивно лице на коронавирус, што е насочено кон ограничување на нарушувањата во учебната година.

Во денешната изјава од општината Ерусалим во која се најавува „најголемата серолошка операција во Израел“, градоначалникот Моше Леон ги повика родителите да ги донесат своите деца на бесплатниот 15-минутен тест преку боцкање од прст. Студијата се спроведува заедно од министерствата за здравство и образование и армијата.

Пилот програмата спроведена минатата недела, фокусирана главно на ултра-ортодоксните еврејски заедници, покажа дека приближно една петтина од децата развиле антитела, соопшти денеска военото радио.