Израел го бомбардираше Хамас

Израелски авион бомбардираше и погоди фабрика за оружје во местото Хамас откако Палестинците први испукале неколку запаливи балони во четвртокот, соопшти израелската армија. Од Хамас го потврдија нападот, а уште не се знае дали има жртви, пренесува Индекс. 

Ненадејниот напад доаѓа десет дена по примирјето од 21 мај, кога беше договорено да престане 11-дневниот оган кој го потресе светот. Тогаш, како и сега, Палестинците пукаа со балони исполнети со запалив материјал преку границата предизвикувајќи пожари во Израел. Овојпат предизвикани се најмалку четири пожари долж границата.

Целта на Палестинците е, како тие велат, да се намалат ограничувањата на крајбрежната енклава кои ги постави Израел за време на борбите во мај годинава. Речено со зборовите на Фавзи Бахрум, портпаролот на Хамас, Палестинците „вршат притисок (врз Израел), принудувајќи го да ги почитува правата на нашиот народ и да се оддалечи од неправедни позиции“. Според Бахрум, нападот на фабриката е типична „ревијална реакција“ на Израел, како што тоа го направил многупати.

Во 11-дневниот оган од мај годинава загинаа најмалку 250 Палестинци и 13 лица од Израел, а требаше многу дипломатски напор од Обединетите Нации и Египет за тој да престане.