Израел им забрани на христијаните од Газа да дојдат во Ерусалим за Божик

На христијаните во Појасот Газа оваа година нема да им биде дозволено да ги посетат Витлеем и Ерусалим по повод Божик, соопштија денеска израелските власти.

Воената портпаролка појасни дека врз основа на „безбедносни наредби“, христијанските жители во Газа ќе можат да патуваат во странство и преку израелскиот граничен премин со Јордан, но нема да можат да ги посетуваат светите места во Израел и Западниот брег.

Во Газа, која има околу два милиони жители, живеат околу 1000 христијани, главно православни.

Израелската организација за човекови права Гиша оцени дека забраната покажува како се зајакнуваат ограничувањата за пристап меѓу двата дела на палестинската територија и оти тоа ја продлабочува израелската политика на одвојување на Појасот Газа и Западниот брег меѓу кои е Израел.