Израел најави нови „целени атентати“, ЕУ повикува на смирување

. (AP Photo/Khalil Hamra)

Израел тврди дека повторно ќе изведе атентати чијашто цел ќе бидат водачите на милитантите во палестинската енклава Појасот Газа доколку тоа биде потребно, додека истовремено Европската унија повика на смирување на состојбата.

„Немаме интерес од ескалација (на судирот). Меѓутоа, подготвени сме на сѐ. Повторувам, немаме интерес од тоа, но подготвени сме за секое сценарио. Доколку биде потребно, дури ќе се вратиме на политички целените атентати“, изјави генералот Авив Кочави на прес-конференција во израелското министерство за одбрана.

Четириесет и двегодишниот Баха Абу Ал-Ата, водач Бригадите ал-Куд, милитантното крило на исламистичкото палестинско движење Исламски џихад, убиен е заедно со неговата жена, во израелскиот воздушен напад на нивната куќа во источниот дел на градот Газа, потврдија и израелските власти и палестинската самоуправа.

Исламскиот џихад, за кој се тврди дека е поддржуван од Иран, го потврди убиството на Ал-Ата, предупредувајќи дека „Израел минал преку сите црвени линии“. Во вториот израелски напад ноќта кон вторникот убиен е уште еден Палестинец.

Европската унија повија на „итно и потполно“ смирување на ситуацијата по обновувањето на тензиите меѓу Израел и Појасот Газа,

„Смирувањето сега е потребно за да се заштитат животите и безбеднсота на израелските и на палестинските цивили. Истрелвуањето ракети врз цивилно население е целосно неприфатливо и веднапш мора да престане“, рече во писмена изјава портпаролката на европската дипломатија, Маја Коцијанчич.

Од утрото во вторникот педесетина ракети се истрелани од Газа кон Израел, објави израелската армија и наведува дека уништила најмалки дваесет.