Израел не стои зад смртта на Раиси, но тој беше брутален човек, ни солза нема да пуштиме

Израел нема врска хеликоптерска несреќа во која загинаа иранскиот претседател Ебрахим Раиси, како и неколку членови на неговата придружба, изјавил израелски официјален претставник за Ројтерс.

„Тоа не бевме ние“, вели функционерот, кој сакал да остане анонимен.

Нема официјална израелска реакција за смртта на Раиси.

Сепак, лидерот на израелската опозициска партија „Израел наш дом“, Авигдор Либерман вели дека Израел не очекува дека смртта на Раиси ќе направи разлика во политиката на Иран во регионот.

„За нас тоа не е важно, тоа нема да влијае на односот на Израел кон Иран. Политиките на Иран ги поставува врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи“, изјави тој за вестите на Ynet.

„Сепак, нема сомнеж дека претседателот беше брутален човек. Нема да пуштиме солза“.