Шовинистички изјави на Грција и Бугарија кон Македонија

На инаугурацијата на претседателката Гордана Силјановска Давкова, и дадената свечена изјава дека: „… ќе го штити суверенитетот територијалниот интегритет и независност на МАКЕДОНИЈА“, а со неизговарање на зборот „Северна“, по смислено и договорено сценарио на грчките власти од Атина, грчката амбасадорка во Македонија ја напушти свеченоста, а без да се сослуша говорот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, што е чин на примитивизам и нецивилизираност.

По инаугурацијата на претседателката Гордана Силјановска Давкова, и по нејзината ГОРДА И ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНСКА свечена изјава и исполнувањето на македонските национални интереси, дојдоа реакции и закани од грчките, од бугарските  политичари, па и од некои челници на Европската унија. Кон овие реакции не закаснија и се вклучија домашни загари-камелени т.н. „експерти загрижени за македонската евроинтеграција“, па ги напаѓаат македонските национални интереси, во полза на грчките и бугарските интереси, за како што тие велат непочитување на Договорите, со искази на црни сценарија, изолираност на Македонија и слично.

Изборниот законик

Во Изборниот законик, чиј пречистен текст е донесен во март 2024 година, во делот на прогласување на претседателот на државата по одржаните претедателски избори, членот 123 ја регулира свечената изјава која во Собранието треба да ја даде новата претседателка на државата-МАКЕДОНИЈА и таму стои: „Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија“.

Му поставувам прашање на спикерот на македонското Собрание, каде го најде зборот „Северна“ кој го искажа повеќе пати на свечената изјава? Зошто Митрески манипулираш! Дали знаеш или не, сигурно НЕ, затоа што не читате закони и ова е доказ како функционира Законодавната правна комисија! СРАМ!

Го прашувам и оној министерот за правда во заминување ЛОГА, советникот на Рамис Мерко?! Дали знае дека Изборниот законик е осум пати менуван и дополнуван и никогаш не е додаден зборот „Северна“!

Ги прашувам домашните загари „експерти“, дали го поставувате суштинското прашање, како Изборниот законик поминал во Законодавната правна комисија? Таму фигурира името Република Македонија. Е, загари-читајте! И гледајте ги македонските национални интереси! И не се заканувајте. Мајка Македонија, била и ќе биде ГОРДА!

Преспанскиот договор

Со овој договор од Преспа, се повредени и не се заштитени слободите и правата и се повредуваат личните права на самоопределување, самоидентификација, националните и културниот идентитет, право на име на државата… Во овој и други делови во право е професорката Каракамишева, го спори: „дејството  потпишано на Договорот од Преспа (Конечната спогодба за решавање на различните опишани во Резулуцијата 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста, на привремената Спогодба од 1995 и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните во Преспа (Нивици) на 17 јуни 2018 година, меѓу „Првата страна“, Грција претставена од Министерот за надворешни работи Никос Коsијас, и „Втората страна“, (Безимена држава), претставувана од Министерот за надворешни работи, Никола Димитров…“.

Уставниот суд на Македонија, предводен од Кацарска (која странските студенти по право ја изучуваат во европските земји, како нетреба да се суди) не гледа ништо спорно. Останува судот во Стразбург да одлучува.

Кои се принципите на Виенската конвенција

Поаѓајќи од Виенската конвенција за договорно право донесен во 1969 година, а во сила стапува во 1980 година, а имајќи ги во предвид… „принципите на меѓународното право отелотворено во Повелбата на Обединетите нации, како што се принципот на еднакви права и самоопределување на народите, на суверен и еднаквост и независност на сите држави, на немешање на  внатрешните работи на државата, на забрана на закана или употреба на сила и универзално почитување и почитување на човековите права и основните слободи за сите…“.

Поаѓајќи од овие принципи и точки од Виенската конвенција, Преспанската спогодба е невалиден и ништовен меѓународен договор. Тој не ги содржи принципот на рамноправност, тој е постигнат под политички притисок кон една договорна страна-МАКЕДОНИЈА, и е усвоен на нелегален начин.

Нешто повеќе за загарите – камелени прочитајте, овде:

Загари – Камелеони

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес