![izrael vlada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/izrael-vlada.jpg?resize=696%2C447&ssl=1)
Израел го осудува изборот на новиот ирански претседател Ебрахим Раиси, наведувајќи дека станува збор за најекстремниот ирански претседател досега кој силно се залага за брзо напредување на иранската нуклеарна програма, а израелскиот премиер Нафтали Бенет ги повика светските челници да не преговараат со новата власт во Техеран.
„Новиот ирански претседател, познат е како техеранскиот крвник, екстремист одговорен за смртта на илјадници Иранци. Посветен е на нуклеарните амбиции на режимот и капањата на нуклеарниот терор“, напиша на Twitter ираескиот министер за надворешни работи Јаир Лапид.
Во засебно соопштение од саботата, израелското министерство за надворешни работи соопшти дека изборот на Ебрахим Раиси за претседател на Иран би требало да „предизвика сериозна загриженост на меѓународната заедница“.
Израел смета дека Иран, поради нуклеарното вооружување, претставува егзистенцијална закана, додека Техеран упорно стои на тврдењата дека шиитското практикување на исмалмот забранува производство на оружја за масовно уништување, како и дека неговата нуклеарна програма е насочена за производство на електрична енергуја и во медицински истражувања.
Следејќи ја политичката линија на поранешниот долгогодишен израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, министерството за надворешни работи на Израел објави дека иранската нуклеарна програма „мора веднаш да биде запрена“ и „во целост да биде прекината“.
„Иранската балистичка ракетна програма мора да се прекина, а меѓународната заедница мора силно да се спротистави на иранската глобална терористичка кампања“, додаде израелската дипломатија.
Израел и во неделата го осуди изборот на ултраконзервативниот судија Ебрахим Раиси за нов урански претседател, тврдејќи дека тој ќе владее со „режимот на бруталните џелати“, како и дека ветските сили не смеат да преговараат со него за нуклеарниот договор.
Раиси, кој е ставен под американски санкции под обвинение за кршење на човековите права, во саботата ја обезбеди својата победа на иранските претседателски избори, за кои странските медиуми известуваат дека биле одбележани со апатија на избирачите поради лошата економска состојба и политичките рестрикции.
Новиот израелски премиер Нафтали Бенет на првата седница на владата која беше директно пренесувана на телевизијата, изјави дека подемот на Ебрахим Раиси го овозможил иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, а не слободните избори.
„Изборот на Раиси, би рекол, е последната шанса за светските сили да се разбудат пред да е вратат на нуклеарниот договор и да сфатат со кого имаат работа“, изјави Бенет, прво обраќајќи се на хебрејски а потоа и на англиски јазик.
„На режимот на бруталните крвници не смее да му се дозволи да поседува оружје за масовно уништување. Ставот на Израел по тоа прашање нема да се менува“, порача израелскиот премиер Бенет.
Раиси никогаш не посветуваше внимание на обвиненијата за улогата во она што Вашингтон и организацијата за човекови права го нарекуваат вонсудски егзекуции на илјадниците политички затвореници во1988 година.
Нафтали Бенет, израелски националист кој сега ја води шареноликата коалиција на партии обедунети само во желбата да стават крај на долгогодишното владеење на премиерот Бенјамин Нетанјаху, како и својот претходник се противи на нуклеарниот договор меѓу шесте светски сили и Иран од 2015 година, сметајќи дека рестрикциите воведени во замена со укинување на економските санкции биле преблаги.
Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во мај 2018 година согласувајќи се со Израел еднострано истапи од договорот вреќајќи голем дел од санкциите, барајќи нов договор кој ќе ја опфати и рестрикции за иранската ракетна програма. Откако европските потписнички на договорот и сојузници на САД не успеаја да ја заштитат иранската економија од новите санкции, Техеран започна со суспендирањето на своите одредби од договорот. Новата адинистрација во Вашингтон на претседателот Џо Бајден изрази подготвеност за обновување на контактите со Иран, но сѐ уште се придржува до позициите на претходната американска влада.