Израел слави: Над четири милиони луѓе се вакцинираа, властите ќе ја укинат и уредбата за носење маски

Израел им дозволи на своите вакцинирани граѓани да се вратат во спортските сали, ресторани и концерти. Дека животот полека се враќа во нормала со нив се докажува со дружењето во кафулињата, пренесоа хрватските медиуми.

Откако се намали бројот на нови инфекции властите во Израел почнаа да ги олеснуваат мерките. Повеќе од четири милиони луѓе ги примија двете дози на вакцината Фајзер, а тамошното министерство за здравство размислува и за укинување на носењето маски на отворено.

https://twitter.com/3Myriam1/status/1371552085687291906?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1371552085687291906%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fproslava-vo-izrael-povekje-od-chetiri-milioni-lugje-se-vakciniraa-vlastite-kje-ja-ukinat-i-uredbata-za-nosenje-maski%2F

Во кафуле во Тел Авив може да се видат млади, вакцинирани луѓе како пијат, танцуваат и се забавуваат.