Израел тврди дека убил висок командант на Хезболах во нападот врз Бејрут, од Либан обвинуваат за обид за префрлање на вината за ескалација на насилствата

Израелската војска доцна ноќта кон средата тврдеше дека израелските воздухопловни сили го убиле главниот воен командант на Хезболах и шеф на неговата стратешка единица Фуад Шукр, познат и како „Саџид Мухсан“, во областа на либанскат престолнина Бејрут.

Фуад наводно бил десна рака на генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насрала и беше негов советник за воени операции, се вели во соопштението.

„Фуад Шукр ги насочуваше нападите на Хезболах врз Израел од 8 октомври“, се додава во соопштението, во кое се вели дека тој е одговорен за смртта на 12 деца во неодамнешниот напад на селото Мајдал Шамс на сириската Голанска висорамнина окупирана од Израел.

Вооружената група Хезболах негираше вмешаност во нападот врз село во кое живеат припадници на засебната етноконфесионална исламска заедница Друзи и од шиитската алавитска заедница.

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека, според првичните информации, во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут во вторникот вечерта загинале тројца цивили, една жена и две деца на 4 и 6 годишна возраст, додека 74 лица биле ранети.

Агенцијата AFP наведува дека нападот бил насочен кон Фуад Шукр, воениот лидер на Хезболах и дека извори блиски до ова вижење поддржано од Иран тврдат дека тој го преживеал нападот, но агенцијата не можела да ја потврди оваа информација.

Истовремено, министерот за миграции во привремената влада на Либан, Исам Шарафедин изјави дека со нападот во јужното предградие на Либан, Израел всушност се обидува да ја префрли вината за ескалација на конфлиткот и можните последици врз целиот Блиски исток врз Хезболах. Додаде дека нема официјална потврда од Хезболах, дека во израелскиот воздушен напад загинал командатот Шукр.

„Израел, напаѓајќи ги јужните предградија на Бејрут се обидува да го компромитира и да ја префрли одговорноста врз Хезболах, манипулирајќи со мениенито на светската заедница“, рече Шарафедин најавувајќи го итниот состанок на министерскито совет на Либан.