Израел укажува на поврзаност на вакцината на „Pfizer“ и случаи на миокардитис

Израелското министерство за здравство во вторникот извести дека помал број случаи на воспаление на срцевиот мускул се забележани главно меѓу помладите мажи вакцинирани со вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против Covid-19 вреројатно се поврзани.

Од „Pfizer“ тврди дека не е забележана поголема стапка на појавата на миокардитис поврзана со нивната вакцина, откако што во вообичаените околности би можело да се очекува во општата популација.

Меѓу декември 2020 и мај 2021 година во Израел се евидентирани 275 случаи на миокардитис на повеќе од 5 милиони вакцинирани лица, соопшти министерството, соопшти министерството објавувајќи ги резултатите од студијата која е нарачена за да се разјасни оваа појава.

Повеќето пациенти кај коишто се развило воспаление на срцевиот мускул во болница минале најмногу четири дена, а 95 отсто од случаите се сметаат за блага форма, покажало истражувањето кое го спровеле три експертски тима.

Истражувањето покажало дека „постои веројатна поврзаност меѓу вакцинирањето со втората доза на вакцината Pfizer и развојот на миокардитис меѓу мажи на возраст од 16 до 30 години“, се наведува во соопштението на министерството и се додава дека повеќе такви случаи се воочени меѓу младите мажи на возраст од 16 до 19 години, отколку во другите возрасни групи.

Од „Pfizer“ велат дека ги следат резултатите од израелската студија, но тврдат дека не е утврдена причинска врска со нивната вакцина, ниту дека е забележано дека тие заболувања ги има повеќе отколку вообичаено.

Несаканите последици темелно се проучуваат, а стручен тим на „Pfizer“ редовно се состанува со членовите на Одделот за безбедност на вакцините при израелското министерство за здравство за да ги прегледат и проучат податоците, се истакнува во соопштението.

По вакцинирањето на возрасните, израелските научни власти не издадоа одобрување за вакцинирањето на помладите на возраст од 12 до 15 години, додека се чекаше извештајот на министерството за здравство.

„Но комисијата сега даде зелено светло за вакцинирање на децата од 12 до 15 години од следната седмица“, изјави Начман Аш, израелскиот координатор за прашањата од пандемијата за Radio 103 FM, истакнувајќи дека „ефикасноста на вакцината ги надминува ризиците“.

Паралелно со објавувањето на овие наоди, комисијата на министерството го одобри вакцинирањето за вакцинирање на адолесцентите, додава високиот функционер.

Советодавната група на американскиот Центар за контрила и превенција на болестите (CDC) во мај препорача натамошно разгледување на поврзаноста на појавите на миокардитис и вакцините кои се направен на назата на ткн mRNK, а тоа се вацините на американските производители „Pfizer“ и „Moderna“.

Од CDC не откриле повеќе случаи на миокардитис меѓу популациајта отколку што се очекувало, но советодавната група истакна дека нејзините членови сметаат дека давателите на здравствените услуги би требало да бидат запознаени со извештаите со „потенцијално штетните исходи“.